Росица Мршиќ | Фото: Ани и Дими |
|| Росица Мршиќ го отвори ревијалниот дел на единаесеттиот Моден викенд ||
Ревијалниот дел на единаесеттиот пролетен Моден викенд го отвори ревијата на Росица Мршиќ вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“.
Креаторката Мршиќ која е препознатливата по експериментите со кроевите овојпат ја презентираше колкецијата за актуелната сезона пролет/лето 2015 година.
„Колекцијата е дефинирана од три термини: асиметрија, контраст и униформа, реализирани со меѓусебната спротивност на употребените бои: млечно бела, црна, сончево жолта и длабока црвена.
Идејата за изгледот на силуетата е да се претстави лесна, современа и женствено комфорна нота. Природните материјали во комбинација со структурата на ткаенините го надополнуваат целосниот изглед и додаваат лежерна линија“, вели Росица Мршиќ.
Со оваа колекција креаторката ја започнува осмата година на континуирано пласирање авторски модни колекции.
Росица Мршиќ | Фото: Ани и Дими |
Росица Мршиќ | Фото: Ани и Дими |
Росица Мршиќ | Фото: Ани и Дими |
Росица Мршиќ | Фото: Ани и Дими |
Росица Мршиќ | Фото: Ани и Дими |
0 comments:
Post a Comment
Thanks for visiting my blog :)