The Fashion Tag.

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2015/05/the-fashion-tag.html

На покана на Марина од блогот Marama's Place одлучив да одговорам на неколку прашања од кои ќе дознаете нешто повеќе за мене.

Секогаш сум гледала ваков тип на објави кај многу блогерки, па се радувам што покрај мене, на овие прашања ќе одговараат и Сара, Азизе и Алмира.

Have fun!

Зошто го започна блогот? 
 • Од љубопитност и слободно време :) Кога го започнав блогот, постоеја само 2-3 други и не очекував дека набрзо ќе се приклучат многу девојки. Како и Марина - и јас мислев дека брзо ќе ми помине желбата. Дури и често пати размислував да го избришам, па како резултат на тоа се случуваа и долги паузи на истиот.

Каков е твојот стил?
• Колку и да го опишувам, секогаш на крај завршувам со - лежерен и удобен! Сум имала и поелегантни изданија, некои од нив биле и класични. Сакам да менувам стилови и да видам што ми прилега, а што не.

Која ти е модна инспирација?
• Лошо е ако кажам ниту една конкретна? Мојата инспирација доаѓа од секојдневието - разгледувам што е ново и актуелно на интернет, нови колекции на брендови што ги сакам, комбинации кои се интересни и кои сметам дека можам да ги направам и јас дома со тие парчиња кои веќе ги имам.

Омилен странски блог?
•  Нема да одам многу далеку - блогерка која ја следам и чиј пост не пропуштам е блогот на Брана "Divine World of Fashion" од Србија. Нејзините комбинации ме инспирираат и мислам дека истите можам и јас да ги носам. Мислам дека нејзиниот стил многу ми прилега. Сè што носи изгледа фантастично.

Модна инспирација од филм или серија?
• Секогаш прва ми е Спенсер од "Pretty Little Liars", а кога сме веќе кај серијава, стилот на Shay Mitchell во приватниот живот многу ми се допаѓа. Стилот на девојките од новата верзија на серијата Беверли Хилс, исто така ми беше милина за гледање.

Што носиш во моментов?
• Црно-бели хеланки (униформа за дома) и маичка со кратки ракави.

Кое е последно парче гардероба што го купи?
• Наметка со реси, маичка со риги и фустанче.
• Првите две се од Лонг Текс - македонски производи (секоја по 250 ден.), фустанчето е од Пренди 299 ден. •
Кое е твоето омилено парче облека?
• Маички со 3/4 ракави, кои одговараат во секое годишно време.

Кое е најстарото парче облека што го имаш во плакарот, а сè уште го носиш?
• Овие кратки тексас шорцеви. Ги носам уште од средно, кога беа долги фармерки, па откако се излитија, решив да ги скратам. Тоа значи дека ги носам скоро 15 години.

Парче облека кое го обожаваш и го носиш често, а повеќето луѓе околу тебе го мразат?
•  Тоа мора да се старите блузони, дуксери и џемпери што ги носам низ дома.

Што облекуваш кога немаш идеја што да носиш?
• Маичка со риги и фармерки, секогаш :)

Најскапото парче (облека, чевли, накит или чанта)?
•  Не купувам многу скапа облека, па морав да подразмислам убаво. Заклучокот е дека најскапо парче облека ми е еден тексас фустанот од Манго :)

За кое парче облека се каеш што си го купила?
• Има голем број и најчесто се работи кои сум ги купила импулсивно или затоа што биле актуелни моментално, па се случило да не ми стојат добро или да останале подзаборавени во плакарот, па им поминала модата, или ми се смалиле :)

Без што не го напушташ домот?
•  Ташна, се разбира во која што имам сè што ми треба и не ми треба, (може да погледнете овде
"What's in my handbag")
А периодов задолжително носам џемперче со 3/4 ракави кое знае да ми се најде навечер кога е посвежо, а во меѓувреме седи во горенаведената ташна :))

Што никогаш не би облекла?
•  Сум носела сè и сешто, па тешко е да издвојам нешто конкретно. Единствено што во моментов ми текнува е дека никогаш повторно не би облекла топуци и ѕвонасти панталони :D

Која боја ти е омилена?
•  Секогаш црвена (во сите нејзини нијанси), иако и сината секогаш била 'тука некаде'.

Омилен парфем? 
•  Последнава година ипол омилен ми е "La vie est belle" на Lancome, иако секогаш омилен ми е Gucci Rush 1. За секој ден го користам "515", а многу често знам да купам парфем со мирис на кокос и ванила.

Боја на кармин која најчесто ја носиш?
•  Долго време ми требаше да се навлечам на кармини и сè уште не ги носам секојдневно. За преку ден секогаш ги бирам Catrice Ultimate Colour 370 In a Rosegarden или Golden Rose Matte Velvet no.14 (кликнете ла линкот и отворете ги во нов таб ако сакате да ги видите)

Боја на лак која најчесто ја носиш?
•  Кога не сакам да експериментирам со бои (читај: преку зима), ги бирам бордо нијансата Golden Rose Color Expert no.78 или nude нијансата на Golden Rose Color Expert no.06.

Патики или балетанки?
•  Патики, без размислување. Колку и да сакам да имам балетанки во сите бои, да ми одговараат на цела гардероба, сепак ми се крајно неудобни и ми го менуваат одот. Затоа бирам удобност, во овој случај патики.

Изненадување за номинираните девојки: Марина, Азизе, Сара и Алмира, а покрај вас ја номинирам и Дона од "October Graves" (а и сите девојки кои сакаат да се приклучат на предизвикот) - време е да видиме што носите во вашите чанти?

Не мора да брзате, но сметајте го како следен предизвик ;)

CONVERSATION

2 comments:

  1. very nice post..
    http://melodyjacob1.blogspot.com/

    ReplyDelete
  2. Nice post!

    http://www.adelaacanski.com/

    ReplyDelete

Thanks for visiting my blog :)

Back
to top