dm Haul & Balea addiction.

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2015/05/dm-haul-balea-addiction.html
Оваа неделеа dm drogerie маркетите во Македонија го слават својот 3 роденден. По тој повод следуваше попуст од 10% на сите производи од нивната марка, освен оние кои веќе се на акција (а постојано има такви) :)

Производите на dm, особено на Balea отсекогаш ми биле омилени, дури и кога немаа свои продавници во Македонија. Од странство купував еден тон гелови за туширање и млека за тела, за мене и за другарките.
По тој повод, ги посетив нивните продавници и се подновив со неколку работи, кои ги гледате на горната слика. На друга слика подолу ќе ги видите оние кои веќе ги имам :D

Па да почнеме:

Balea Trend It Up - спреј за заштита на косата при фенирање, виткање и пеглање. Многу ги сакам овие спрејови и сум користела многу слични, но прв пат го купувам овој. Сум читала многу пофалби за истиот, па затоа се решив да го пробам и јас. Сигурна сум дека ќе ја врши својата работа и дека ќе ја омекне и заштити косата. Очекувам многу од него :)

Balea Fluid - хидратантен гел, кој во себе содржи витамин Е и провитамин Б5, како и екстракт од малина. На него пишува дека е за сите видови на кожа. Има пумпица и лесно се нанесува на лицето. Може да се појави и чувство на лепливост, кое брзо исчезнува.
Морам да признаам дека ова е најдобриот гел за лице кој сум го користела и ми ги заменува сите скапи креми што ги имам. Ова е единствениот гел кој не ми ја иритира кожата и не ми појавува црвенила. Го користам секојдневно, а и како подлога за шминка.
Ова ми е второ пакување, но за жал не можам повеќе да го најдам низ продавниците на dm :(

Balea Bodylotion Cocos & Sheanuss - лосион за тело од кокос и шеа орев кој ја негува и хидрира кожата. Крема која лесно се нанесува и брзо се впива. Мене најпрво ме привлече мирисот, затоа што обожавам сè што е со мирис на кокос. Овој поточно е малку потежок мирис, посебно за преку лето, но очекувам дека добро ќе ми послужи.

Balea More Blond Spray - спреј за осветлување на косата, кој верувам на многумина веќе им е добро познат и е доста баран. Мене ова ми е втор по ред. Се нанесува на мокра коса, која се расчешлува и суши со фен. Ја осветлува косата за 2-3 нијанси, кај секого различно.

Balea Tropical Sunshine Duschgel - гел за туширање со мирис на портокал и манго. Типичен летен мирис, limited edition. Секое лето dm вадат вакви летни гелови за туширање и секоја година ми е задоволство да ги купувам. Мирисот е најчесто краткотраен, но додека трае е одличен. 


А сега производите кои ги имам веќе подолго време:

Balea Summer Glam Bodylotion - млеко за тело со златен сјај. Одлично млеко за тело за преку лето, за оние кои сакаат и дискретни светки. Мене премногу ми се допаѓа. Ова е од ланската летна колекција. Посебно добро стои ако веќе имате потемнет тен ;)

Balea Young Soft & Care - секојдневна крема за лице со светла нијанса (нешто налик ББ крема). Ја измазнува структурата на лицето и ја храни со витаминскиот коктел. Има пријатен мирис и не е замена за пудра, туку има само нијанса.

Balea Color & Care Haarspray - лак за коса за фарбана коса. Во упатството пишува дека не ја лепи косата и навистина е така, па лесно и се расчешлува. Не ја држи многу цврсто косата како што очекував, но тоа е затоа што конкретно оваа е бр.3, па веројатната 5ката е поцврста. Ова е еден од лаковите за коса со најпријатен мирис од сите што сум ги користела.

Balea Peeling Gel - пилинг гел за лице. Овој гел одлично ја чисти кожата и дава меко чувство после измивање. Мислам дека во моментов го нема истиот, но дека има слични на него, иако овој одлично си ја врши својата работа.

Balea Cellulite Duschgel - гел за туширање против целулит, со кофеин и алги + четка за масирање. Овој гел е купен лани, но дури сега го користам почесто. Четката за масирање ми е малку груба, па го нанесувам само со масирање. Ги има оние топчињата кои ги имаат и геловите за пилинг, па навистина ја измазнува кожата по третманот.

Balea Deospray Vanille - спреј со 48 часовна заштита кој го регулира потењето. Овој дезодоранс го купив само заради мирисот на ванила, кој покрај мирисот на кокос ми е омилен. Но многу сум разочарана. Освен нежниот мирис на ванила, ниту малку не си ја врши работата која треба. Не би го купила повторно. 

Balea Bodycreme Cocos - крема за тело со масло од кокос. Повторно кокос? Да :) Оваа крема не е купена од Македонија, а и не знам дали некогаш ја имало тука. Ја обожавам! Огромно пакување од 500 ml. кое трае долго време. Одлично ја хидрира кожата, а и мирисот трае долго време. 

Се надевам дека ви се допаѓаат производите кои ми се нови, но и оние постарите. Кои се ваши омилени производи кои редовно ги купувате од dm?

CONVERSATION

5 comments:

  1. Одлични производи. Флуидот ми е омилен, штета ако го немаат повеќе.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Јас го "грабнав" последниот од ГТЦ и последниот од Бит Пазар. Се надевам дека ќе донесат :)

      Delete
  2. Спрејот од ванила (4) колку чини?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Спрејот од ванила е околу 120 ден. Моментално одредени мириси се на попуст, по цена од 85 денари ;)

      Delete

Thanks for visiting my blog :)

Back
to top