Promotion of Fashion Lab DNA.

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2014/12/promotion-of-fashion-lab-dna.html

Во четвртокот вечерта, во кафулето „Љубов", прекрасните Дани и Александра на многу интересен начин го промовираа својот моден блог Fashion DNA.

Промоцијата беше навистина интересна и поинаква, затоа што вклучуваше изложба на модни фотографии, направени од страна на „Зачувај Момент" (Сара и Никола), а сето тоа во соработка со дизајнерката на накит Еми Норис.
На оваа промоција бев со Елена од Elena's Blog, каде што официјално се запознавме со Даниела и Александра, две прекрасни девојки, кои всушност се две најдобри пријателки и наоѓаат инспрација во модата, како и заеднички јазик помеѓу "swag" и "style", а сето тоа преточено во една поинаква модна приказна.

За оваа прилика се одлучив за лежерна и секако топла есенска комбинација. Се мислев помеѓу неколку парчиња облека, кои откако ги споив и ги погледнав заедно - заклучив дека сум ги склопила на вистински начин.
Знаев дека не сакам да мешам повеќе од три бои, па ги искомбинирав сивата како главна, со додатоци во црна и бордо боја. 

Како што сите знаете, чорапите над колено се апсолутен хит, па се решив да ги вметнам во оваа комбинација. Го направив тоа на малку поинаков начин, односно со бордо хулахопки - за да ми биде топло, а и заради тоа што ми е малку непријатно да ги носам на гола нога.
Овој бордо кармин (Golden Rose Matte бр.23) е мојот омилен оваа сезона. Во иста боја ми се и ноктите (Golden Rose Expert бр.78).
Накитот е сребрен, часовникот е од Tally Weijl, а алката од Elena's Shop.

Секако да се заблагодарам на Елена за фотографиите, кои прекрасно изгледаат. Се надевам дека ви се допаѓа оваа комбинација и ќе најдете инспирација во неа.

Имајте убав ден :*
Photo by: "Save a moment"

 This Tursday night, in the "Ljubov" cafe, the lovely Dani & Aleksandra promoted their blog "Fashion DNA" on a very interesting way.
This promotion was interesting and different, mostly because it was an exhibition of fashion photo session, collaboration made with "Save a moment" (Sara and Nikola - photographers) and the unique jewelry designer Emi Noris.
I attended this promotion with Elena from Elena's Blog, where we officialy met Dani & Aleksandra, the two lovely girls, who are actually too best friends, that share the love for fashion, finding mutual language between "swag" and "style" and translate that in one fashion story.
For this event I chose casual and warm autumn look. I was thinking over several pieces of clothing, which I mixed up and turned out to be the winning combination. I knew that I didn't want to wear more than three colors, so I took grey as the main color, and black and burgundy as secondary colors.
You all know, that the over-knee socks are an absolute hit, so I decided to add them to this look. I did that in a slightly different way, wearing burgundy tights underneath - to be warm and because I'm not feeling comfortable wearing them on bare legs.
Speaking of make-up: this lipstick is my favorite for this season. It is Golden Rose Matte no.23. My nail lacquer is the same color (Golden Rose no.78). The other accessories are silver: watch from Tally Weijl and bracelet from Elena's Shop
I hope that you will like this combination and that it will inspire you. Let me know what you think about it in the comments below.  Huge thanks to Elena for the photos, which turned out very beautiful. 
Have a wonderful day :*

Taking selfies with Elena :)

CONVERSATION

7 comments:

  1. Fala sto dojdovte, prekrasni bevte site :D

    ReplyDelete
  2. Бордата баш убаво ја разиграла комбинацијата.
    Убаво изгледаш ти, а и девојките.

    ReplyDelete
  3. Прекрасна комбинација, чорапчињата ми се баш слатки :)

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete
  4. odlicen post, bordo mi e apsoluten hit periodov :)


    http://octobergraves.blogspot.com/
    http://instagram.com/octobergraves

    ReplyDelete
  5. nemam sto da komentiram osven deka iznenadi kako i sekogas so unikaten outfit
    nosis parcinja bez koi nemoze da se zamisli edna URBANA ZIMA - ramni cizmi ,baretka ,visoki corapi .....
    bravo sanja

    ReplyDelete
  6. Preuva kombinacija kako i sekogas. Bravo ! ;)

    ReplyDelete

Thanks for visiting my blog :)

Instagram

Follow @sanjabozhinovska