Јована Филиповиќ | фото: Ани и Дими |
Јован Петровски и Јована Филиповиќ го отворија десеттиот Моден викенд.
Дизајнерката Јована Филиповиќ поддржана од „Bаuerfeind“, ја презентираше колекцијата „Where the wild things are“, за есен/зима 2014/ 2015 година , која е во знакот на сафари шикот.
„Динамична љубовна афера. Тој и таа. Млади, урбани, заводливи, грациозни.
Денскиот урбан и егзотичен look, кој дивее низ саваната, ноќе се претвора во гламурозен, лелеав, моќен. Подготвен за луксузна вечера со свеќи, каде што мирисот на шафран и цимет опива и ја буди внатрешната, дивата страна во нив. Приказна составена од
околу 23 модели, машки и женски, кои претставуваат симбиоза на естетика и
функционалност. Прикажани се неутрални и монохроматски палети на бои, декорирани
со анимал принтови, „oversize“ јакни и капути, и веќе традиционално -минималистички кроеви и форми.“, вели дизајнерката Филиповиќ за својата актуелна колекција.
Јована Филиповиќ | фото: Ани и Дими |
Јована Филиповиќ | фото: Ани и Дими |
Јована Филиповиќ | фото: Ани и Дими |
Јована Филиповиќ | фото: Ани и Дими |
Јована Филиповиќ | фото: Ани и Дими |
Ревиите на Јован Петровски и Јована Филиповиќ го означија стартот на десеттото издание на Моден викенд Скопје , вчеравечер во мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје.
Двајцата дизајнери беа дел и од првиот Моден викенд Скопје.
Петровски кој последните неколку години гради успешна кариера на Тајланд, вчеравечер се „врати“ на Моден викенд со колекциите од луксузните брендови „SQUIRE“ и „BLACKOUT“.
„BLACKOUT“ е артистичко-традиционална рачно изработена прет-а-порте линија за облека од Бангкок а „SQUIRE“ нов, луксузен бренд, основан од Петровски, подоцна развиван во соработка со „The Blackout Crew“. Прет-а-порте колекцијата е концептуална, елегантна но сепак нослива.
Парчињата се движат кон остри исечоци и минималистичка експресија, иако исполнета со детали. Линијата на „SQUIRE“ нуди и машка и женска облека. Двата модни бренда, „BLACKOUT“ и „SQUIRE“, се посветуваат на формата и на целината повеќе од демонстрација на боја, текстил и современо крпење.
Модното шоу на Јован Петровски го следеше музички перформанс на Сашко Костов кој компонираше музика специјално за ревијата.
Вчера започна и работилницата „Модно блогирање и фотографија“ водена од Ребека Рој- успешна британска стилистка и модна уредничка од Лондон. Работилницата е во организација на Моден викенд Скопје и Британски совет во Македонија а ќе трае пет дена.
Јован Петровски | фото: Ани и Дими |
Јован Петровски | фото: Ани и Дими |
Јован Петровски | фото: Ани и Дими |
Јован Петровски | фото: Ани и Дими |
Јован Петровски | фото: Ани и Дими |
Јован Петровски | фото: Ани и Дими |
Gorgeous outfits, thanks for sharing! :)
ReplyDeletePlease check out my new post if you can;
http://electricsunrise.blogspot.co.uk
x