FWSK a/w 14/15 Day 4

Никола Петровски | фото: Ани и Дими

Четврти ден Моден викенд Скопје
Афирмирани домашни имиња и презентација на дизајнери од странство. 
На претпоследниот ден на десеттото издание на Моден викенд Скопје беа презентирани осум уникатни колекции на домашни и дизајнерски имиња од странство. 



Српската дизајнерка Марина Миќановиќ која на Моден викенд гостува по принцип на размена со дизајнери од српската модна недела од Нови Сад, ја отвори вечерта со колекцијата „Ритамот на асиметријата“. Акцентот на оваа колекција се здолништа со миди должина, кратки сакоа, асиметрични мантили со рамни кроеви и фустани, кои се погодни за носење во сите пригоди.
Во однос на интернационалната соработка која ја интензивираше со модните недели и институции поврзани со модата од регионот, Моден викенд Скопје од оваа сезона „енергија “ добива и од „ЕВН Македонија“.
Марина Миќановиќ | фото: Ани и Дими
Марина Миќановиќ | фото: Ани и Дими
Марина Миќановиќ | фото: Ани и Дими
Вечерта продолжи со презентација на најновата колекција на „Le brand“ за пролет/лето 2015 година, за која дизајнерката Лили Кадинска ја пронајде инспирацијата во црното и белото, во контрастот, портокаловото како неопходна топлина и во потребата на општеството за контролирање на човечката природа. Креаторката Стефанија Насеска продолжува „да си игра“ со буквите и овој пат ја донесе „Кирилица“ за актуелната сезона- „посветена на зачувување на нашата азбука и нејзина афирмација“.
„Le brand“ | фото: Ани и Дими
„Le brand“ | фото: Ани и Дими
Стефанија Насеска | фото: Ани и Дими
Стефанија Насеска | фото: Ани и Дими
Никола Петровски традиционално со колекција за сеозна однапред , па така и вчеравечер ја презентираше колекцијата за пролет/лето 2015 година.

Никола Петровски | фото: Ани и Дими
Никола Петровски | фото: Ани и Дими
Оливера Штакоска која своето деби го имаше на априлското издание на Моден викенд годинава, вчера ја прикажа „Woolen story“, составена од 20 модели, претежно палта и долги фустани, изработени од волна, памук и кадифе.
Оливера Штакоска | фото: Ани и Дими
Оливера Штакоска | фото: Ани и Дими
Оливера Штакоска | фото: Ани и Дими
На претпоследната вечер дебитираше младата Инес Шабан со колекција за актуелната сезона која ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност“.
Инес Шабан | фото: Ани и Дими
Инес Шабан | фото: Ани и Дими
Во соработка со „Prishtina fashion night“ и по гостувањето на Мила Кадриу кај нив во април годинава, на десеттото издание на Моден викенд, се претстави Флутура Дедиња со колекцијата наречена „Хороскоп“ составена од дванаесет модели кои симболично претставуваат по еден од хороскопските знаци.
Флутура Дедиња | фото: Ани и Дими
Флутура Дедиња | фото: Ани и Дими
Вечерта во салонот „Ауди-Порше Македонија“ ја затвори „THE COLONIAL SPICES COLLECTION“ на Лидија Георгиева. „Судир на Европската и источната култура, зачинет со егзотичната моќ на шафран, куркума, кари, ѓумбир, во амбиент на декаденција на 20ти години од минатиот век, се провлекува сугестија на Бомбај и Шангај и дискретна нота на рокенрол, својствен на стилот на брендот“, вели за својата колекција Георгиева.
Лидија Георгиева | фото: Ани и Дими
Лидија Георгиева | фото: Ани и Дими

CONVERSATION

0 comments:

Post a Comment

Thanks for visiting my blog :)

Instagram

Follow @sanjabozhinovska