FWSK a/w 14/15 Александра Митковска | Vibrazioni

 

Александра Митковска | фото: Ани и Дими
~ Фотографии на Манчевски пресликани на „вибрациите“ на Александра Митковска ~



Манекенки кои се движат „во лавиринт“, облечени во најновата колекција на дизајнерката Александра Митковска под етикетата „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ поддржана од Nescafe Dolce Gusto , ја одбележија втората вечер на десеттото издание на Моден викенд Скопје, синоќа во клубот „Станица 26“.

Митковска традиционално презентира колекција за сезона однапред па така овој пат презентираше модели за пролет/лето 2015 година. Колекцијата се состои од маички, сукњи, мантили , панталони и фустани на кои се принтови од фотографското творештво на режисерот Милчо Манчевски.

Александра Митковска | фото: Ани и Дими
„ Инспирацијата за моделите произлезе од неколку фотографии на Манчевски. Оваа колекција е прототип од креации кои ќе се произведуваат сериски следната сезона. Продолжувам да го негувам мојот препознатлив моден сензибилитет. Боите кои преовладуваат овојпат се светло сина, окер и шаренило од бои“, вели Митковска.

За музиката на ревијата беше задолжена ди-џејката Силвиа Катаста од Италија. Катаста која допатува во Скопје за ревијата на Митковска, е музичарка позната по својата соработка со познати светски имиња како и работата на филмска музика.
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими
Александра Митковска | фото: Ани и Дими

CONVERSATION

0 comments:

Post a Comment

Thanks for visiting my blog :)

Instagram

Follow @sanjabozhinovska