FWSK a/w 14/15 Day 3

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2014/10/fwsk-aw-1415-day-3.html

             ~ Трет ден Моден викенд во знакот на нови таленти и етаблирани дизајнери ~

На третиот моден ден во рамките на есенскиот Моден викенд дебитираа четири имиња а вечерта заврши со ревиите на дизајнерките Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, вчера во салонот „Ауди-Порше Македонија“.

Вечерните ревии започнаа со колекцијата на дизајнерката Андриана Динева која подолго време твори под етикетата „Kufer“ но за прв пат се претставува на Моден викенд Скопје. Динева ја претстави колекцијата „Timeless“ за есен/зима 2014/2015 година. „Колекцијата Timeless зборува за самоуверена жена, која не е определена одтековните тенденции. За храбрата жена што секогаш знае да ја помести границатана она што се нарекува женственост, жена што не прави компромиси и жена што верува во безвременска класика“, вели Динева.
Андриана Динева | фото: Ани и Дими
Андриана Динева | фото: Ани и Дими
Андриана Динева | фото: Ани и Дими
Своето деби на Моден викенд го имаше и модната куќа „Hera“. „Овој пат се посветивме на фустаните за романтична вечер, направени со материјали што обезбедуваат чувствителност и нежност, а карактеристичен е сјајот на кристалите и мекоста на пердувите“, велат од „Hera“.
Модна куќа „Hera“ | фото: Ани и Дими
Модна куќа „Hera“ | фото: Ани и Дими
Модна куќа „Hera“ | фото: Ани и Дими
Од младиот Златко Јовановски кој се потпишува зад „JZJ by Zlatko Jovanovski“ посетителите видоа колекција за актуелната сезона, инспирирана од славниот уметник Микеланџело, наречена по неговото истоимено дело „Страшниот суд“. Во богатата палета тонови преовладуваат пастелните, особено давајќи драматичност со белата боја.
Златко Јовановски | фото: Ани и Дими
Златко Јовановски | фото: Ани и Дими
Златко Јовановски | фото: Ани и Дими
Вечерта ја заокружија ревиите на веќе познатите дизајнерки Ирина Тошева поддржана од My:Time и Олгица Ѓоргиева поддржана од Oxette.
„ Зебрата е употребена како симбол на индивидуалност и ни открива дека колекцијата е наменета за оние што се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат однатре .“, вели за својата колекција Тошева.
Ирина Тошева | фото: Ани и Дими
Ирина Тошева | фото: Ани и Дими
Ирина Тошева | фото: Ани и Дими
Олгица Ѓоргиева за најновата колекција наречена „Complete your puzzle“ за есен/зима 2014/2015 година, вели дека е минималистичка, женствена но и безвременска, составена од секојдневни носливи парчиња но и елегантни фустани.
Олгица Ѓоргиева | фото: Ани и Дими
Олгица Ѓоргиева | фото: Ани и Дими
Олгица Ѓоргиева | фото: Ани и Дими

CONVERSATION

2 comments:

  1. What a fantastic collection, I just love the red dresses with fancy sleeves!
    xoxo
    http://pandamone.blogspot.com/2014/10/mellow-yellow.html

    ReplyDelete
  2. looking nice dear
    www.supongoestilo.blogspot.nl

    ReplyDelete

Thanks for visiting my blog :)

Instagram

Follow @sanjabozhinovska