Најновото од 20 дизајнери и модни куќи , гости од странство и едукативни проекти се само дел од десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври.
Настанот ќе го отворат дизајнерот Јован Петровски со луксузните брендови SQUIRE и
Blackout и Јована Филиповиќ со најновата колекција за пролет‐лето 2015, во мултимедијалниот
центар „Мала Станица“ во Скопје, додека втората вечер е резервирана за „Vibrazioni by
Aleksandra Mitkovska“ во ноќниот клуб „Станица 26“ со колекцијата за пролет‐лето 2015.
Викендот на 25 и 26 октомври ќе продолжи во салонот Ауди‐Порше Македонија. Во тој
амбиент ќе ги видиме : LIDIYA GEORGIEVA, Оливера Штакоска, Ирина Тошева поддржана од
My:time, Никола Петровски, Le Brand, Стефанија Насеска и Олгица Ѓоргиева поддржана од
Oxette.
Премиерно ќе се претстават модната куќа HERA, Инес Шабан, „ JZJ by Zlatko Jovanovski“ и „Kufer by Andriana Dineva“ a за најмладите кои следат мода ја носиме модната продавница
Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на „Софиленд“ ќе гостуваат
децата со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“ од Скопје со цел нивна подобра
интеграција во социјалниот живот.
И оваа есенско издание предвиден е едукативен дел. Во организација на Моден викенд
Скопје и Британски Совет во Македонија , Ребека Рој , модна уредничка и една од водечките
британски стилистки ќе одржи работилница за модни блогери и фотографи наречена „Модно
блогирање“. Со поддршка од Министерството за култура предавање ќе одржат Роберт Кавел
Кларк од онлајн платформата за дизајнери Not Just А Label, Кендал Робинс програмски менаџер
за мода во Британски совет Лондон и тимот на модниот онлајн магазин Stylist.mk.
Моден викенд Скопје започна интернационална соработка па така по гостувањето на
Росица Мршиќ на модната недела во Нови Сад во април годинава, по принцип на размена, од
Србија ни гостува дизајнерката Марина Миќановиќ која ќе презентира колекција во Ауди‐
Порше Македонија, а Ирина Тошева заминува на предстојното издание во Нови Сад.
По представувањето на „Mcouture by Mila Kadriu“ на Prishtina fashion Night во април
годинава, на нашето десетто издание ќе гостува Флутура Дедиња од Приштина, препознатлива
по својот специфичен дизајн.
Во соработка со Belgrade Fashion Week во рамките на проектот „Зона 45“ , десеттото
издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори ексклузивната ревија на српската дизајнерка
Ивана Пиља која соработува со светски познати имиња како Лили Ален, Дита Вон Тис и многу
други. Шоуто на Пиља ќе се случи на 27 октомври во Телеком иновацискиот центар во Скопје. На предстојниот Belgrade Fashion Week публиката ќе ја види колекцијата на LIDIYA GEORGIEVA.
Најновото од Росица Мршиќ ќе го видиме во продолжение на Моден викенд Скопје, на
31 октомври но начинот на презентација, дизајнерката го остава како изненадување до самиот
крај. „Mcouture by Mila Kadriu“ во организација на Моден викенд Скопје ќе ги изненади
љубителите на нејзините креации со ексклузивна ревија кон крајот на ноември.
Веднаш по ревиите , продажбата на колекциите продолжува и оваа сезона но овој пат
најбрзо и наједноставно со картичките на HALKBANK во Lotus Design Store.
шминка оваа сезона е Авон Македонија, за фризура – Lakme во соработка со фризерското студио
Бубе Студио Ин. Guerlain‐ официјален парфем партнер на Моден викенд Скопје 10. Партнер за
убавина – Космо. Фото: Ани&Дими, официална модна агенција ‐ Подиум.
Покровители на настанот: Министерство за култура на Р.Македонија, Општина Карпош,
Британски совет во Македонија.
Поддржувачи на Моден Викенд Скопје:
Официјална вода на настанот традиционално – Пелистерка
Наш домаќин и официјално возило на настанот – Porsche, Официјално вино ‐ Сковин,
Официјална камера‐ Canon, Официјална водка – Finlandiа.
0 comments:
Post a Comment
Thanks for visiting my blog :)