New in.


http://sanjaburgundy.blogspot.com/2014/07/new-in.html
 Денес со вас ќе споделам неколку производи кои ги купив во скоро време, а се одлични за овој период од годината. Секој од нив може да си го најде своето место и во вашите колекции, па затоа најтопло ви ги препорачувам :)

Најпрво ќе започнам со лаковите за нокти. Секое лето ги лакирам ноктите со светли бои, најчесто розеви или неон нијанси. Оваа година сум во потрага по лак за нокти во розево/праска нијанса. Потрагата за совршената нијанса, сè уште трае. 
Во меѓувреме, ги купив овие два: Golden Rose Rich Color бр.64, кој има нежна боја, со нијанса на розево. 
Другиот лак е Malena бр.35, исто така нежна боја, со нијанса на портокалово. 
Доколку знаете за која нијанса на праска боја зборувам и имате препорака, би ви била благодарна ако ја споделите со мене :)

Golden Rose Silky Touch Blush-on бр.208 (Paraben Free) е следниот производ. Јас секогаш одбирам светли нијанси на руменила, затоа што имам светол тен. Најчесто се светло розеви (како ова) или посилно розеви кога користам и посилна шминка. Исто така, мислам дека нијансата одговара за летен период, кога нема потреба од многу шминкање, па едноставна секојдневна шминка е сосема доволна.
Ова пакување, како што гледате, доаѓа со четкичка. 

Eliza Lipstick & Lipgloss бр.102. Иако имам безброј кармини во многу светло розеви нијанси, овој пат се одлучив за 2 во 1 - кармин+сјај за уста, во потемно розева боја, која сметам дека одлично одговара за летниот период, во многу комбинации.

Signal Travel Pack Toothbrush & Toothpaste. Можеби малку необично во овој куп од шминки и лакови, но доста корисен производ за овој период на летни одмори и патувања. Signal сет за патување кој вклучува две мали пасти од 16ml. и две четки на расклопување. Не зафаќаат многу место, а може да се употребуваат одново и одново, за било какви патувања.

CONVERSATION

1 comments:

  1. Divne boje :-) xx

    NEW POST :
    http://katycolorfulfreak.blogspot.com/2014/07/louvre-palace-paris.html

    ReplyDelete

Thanks for visiting my blog :)

Back
to top