Има поминато долго време откако имам напишано рецензија за било каков производ. Тоа е така, најчесто, заради тоа што откако ќе најдам производ кој го обожавам, го користам долг период, а и многу ретко менувам.
Тие што ме познаваат, знаат и дека сум огромен фан на Golden Rose, најмногу кога станува збор за нивните лакови за нокти, но не помалку и за декоративната козметика.
Во продолжение, под фотографиите, ќе може да прочитате нешто повеќе за пудрата Total Cover 2 in 1 Foundation & Concealer и за Metals Sculpting Palette.
Се надевам дека ќе ви се допадне
С. ♥
- Metals Sculpting Palette е совршено трио - палета, составена од 3 производи по 4,5 грама - контур, хајлајтер и руменило во едно пакување. Оваа палета е навистина сѐ што ми е потребно, бидејќи сѐ е компактно и на едно место, а и сите нијанси ми одговараат. Верувам дека нијансите одговараат и на голем број девојки, со светол и потемен тен. Руменилото и хајлајтерот содржат и рефлектирачки пигменти, кои придонесуваат за свеж и сјаен изглед.
Долготрајни се, пигментирани и не ви е потребна голема количина. Пакувањето не е многу големо, по должина на цел капак има и огледало, што ја прави оваа практична и за во чанта, а и за патувања.
Откако ја имам, не користам други производи за истата намена, апсолутно ја препорачувам :)
- Total Cover 2 in 1 Foundation & Concealer е течна пудра и коректор, за совршено мазно лице, покривајќи
ги сите несовршености на кожата. Јас апсолутно се согласувам со описот
за овој производ. Спакуван во шишенце од 30 мл, со лесна формула, без
масло и парабени.
Полумат формула и нежен завршеток. Има средна покриеност која може многу лесно да се надгради и да се добие висока покриеност. Ќе добиете беспрекорен излгед, кој верувајте ќе трае и до цел ден.
Содржи витамин Е и SPF 15 ја заштитува кожата од штетните сончеви зраци. Има огромен број на нијанси, а јас ја користам 05 Cool Sand, со розов подтон.
На мојата последна објава, ги носам токму овие производи, па може да видите како изгледаат на моето лице :)
0 comments:
Post a Comment
Thanks for visiting my blog :)