March favorites.

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2016/04/march-favorites.html

 Омилени производи за месец март :) Прочитајте нешто повеќе за нив во продолжение:


 • Најомилениот производ кој го открив во месец март, а и понатаму го користам е Bershka Body Mist - Sparkling Party, односно природен спреј за тело. Спакуван во пластично шише од 100 мл. е апсолутно практичен за во чанта. Мене ми мириса прекрасно, иако мирисот не трае долго, сепак одлично служи за освежување. 


GOSH  mascara • Amazing Length'n Build - прв пат користам маскара на GOSH и сум пријатно изненадена. На пакувањето пишува дека е за издолжување на трепките. На моите трепки дава природен изглед, одлично пигментиран и одлично е тоа што не остава грутки, баш напротив - одлично ми ги расчешлува трепките.
GOSH Velvet Touch Eye Liner • waterproof • Водоотпорно моливче за очи, кое е неверојатно многу пигментирано и навистина доста издржливо. Остава многу убава црна боја која трае.


 • Golden Rose Rich Color nail lacquer • лак за нокти во сива (бр.147) и бела (бр.76) боја. Лаковите на Golden Rose отсекогаш ми биле најомилени, а токму оваа линија (Rich Color) според мене е најиздржлива и со најдобра текстура. Лакот во сива боја го користев во оние денови на крајот на зимата и почетокот на пролетта, а белата е резервирана за потоплите денови. 


 • La Rive Lady Diamond • Парфем кој го добив на подарок, но апсолутно по мој вкус (мирис) :D
Колку за споредба, мои омилени парфеми се Gucci Rush 1 и La Vie Est Belle на Lancome. Овој е за нијанса посвеж и има полесен мирис, одличен за пролет и лето. Во себе има овошни мирисни ноти, како портокал и праска, исто така и ванила.

 

Ziaja Cocoa Butter Body Lotion • Лосион за тело со мирис на кокос за дневна нега и употреба. Според мене одлично млеко за тело, кое ја хидрира кожата, а сепак не ја остава мрсна. Мириса навистина убаво, мирисот не е силен. Доаѓа во пакување од 400 мл. и има пумпуца што е одлично за нанесување. Јас го купив во комплет со млеко за туширање од кокос, кое е исто така прекрасно, но го потрошив многу порано.

• Се надевам дека ви се допаѓа мојот мал избор на омилени производи за изминатиот месец. Кои се вашите омилени пролетни производи?
Пишете ми во коментар :)  •

♥ Follow me on Facebook | Instagram  ♥

CONVERSATION

4 comments:

  1. nice, i like coco butter, natural product for all
    http://www.melodyjacob.com/

    ReplyDelete
  2. Great favourites. I love this parfume :)
    http://fashionlibra84.blogspot.rs/

    ReplyDelete
  3. Nice products!
    xoxo
    https://www.bloglovin.com/blogs/donkeycool-4487669

    ReplyDelete

Thanks for visiting my blog :)

Back
to top