Омилени производи за месец март :) Прочитајте нешто повеќе за нив во продолжение:
• Најомилениот производ кој го открив во месец март, а и понатаму го користам е Bershka Body Mist - Sparkling Party, односно природен спреј за тело. Спакуван во пластично шише од 100 мл. е апсолутно практичен за во чанта. Мене ми мириса прекрасно, иако мирисот не трае долго, сепак одлично служи за освежување.
• GOSH mascara • Amazing Length'n Build - прв пат користам маскара на
GOSH и сум пријатно изненадена. На пакувањето пишува дека е за
издолжување на трепките. На моите трепки дава природен изглед, одлично
пигментиран и одлично е тоа што не остава грутки, баш напротив - одлично
ми ги расчешлува трепките.
• GOSH Velvet Touch Eye
Liner • waterproof • Водоотпорно моливче за очи, кое е неверојатно многу
пигментирано и навистина доста издржливо. Остава многу убава црна боја
која трае.
• Golden Rose Rich Color nail lacquer • лак за нокти во сива (бр.147) и бела (бр.76) боја. Лаковите на Golden Rose отсекогаш ми биле најомилени, а токму оваа линија (Rich Color) според мене е најиздржлива и со најдобра текстура. Лакот во сива боја го користев во оние денови на крајот на зимата и почетокот на пролетта, а белата е резервирана за потоплите денови.
• La Rive Lady Diamond • Парфем кој го добив на подарок, но апсолутно по мој вкус (мирис) :D
Колку за споредба, мои омилени парфеми се Gucci Rush 1 и La Vie Est Belle на Lancome. Овој е за нијанса посвеж и има полесен мирис, одличен за пролет и лето. Во себе има овошни мирисни ноти, како портокал и праска, исто така и ванила.
• Ziaja Cocoa Butter Body Lotion • Лосион за тело со мирис на кокос за дневна нега и употреба. Според мене одлично млеко за тело, кое ја хидрира кожата, а сепак не ја остава мрсна. Мириса навистина убаво, мирисот не е силен. Доаѓа во пакување од 400 мл. и има пумпуца што е одлично за нанесување. Јас го купив во комплет со млеко за туширање од кокос, кое е исто така прекрасно, но го потрошив многу порано.
Пишете ми во коментар :) •
nice, i like coco butter, natural product for all
ReplyDeletehttp://www.melodyjacob.com/
Great favourites. I love this parfume :)
ReplyDeletehttp://fashionlibra84.blogspot.rs/
Lovely cosmetics <33
ReplyDeletehttp://anna-and-klaudia.blogspot.com/
Like me on FACEBOOK
Buy my clothes!Sale!
Nice products!
ReplyDeletexoxo
https://www.bloglovin.com/blogs/donkeycool-4487669