Nail Colors For Autumn | Golden Rose

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2016/09/nail-colors-for-autumn-golden-rose.html

 Како што секоја сезона се менуваат актуелните трендови и боите, кога се однесува на облеката, истото важи и за бојата на ноктите. Јас најчесто внимавам тие да бидат усогласени со бојата на комбинацијата која ја носам, но многу често одбирам боја на лакот за нокти која ќе се истакне доколку носам облека во неутрални бои.

За мене лаковите на Golden Rose се со многу достапна цена и задоволителен квалитет. Омилена линија ми е Rich Color - One Step Maxi Brush, заради големата четкичка која овозможува побрзо и поефективно лакирање на ноктите. Голем плус е и тоа што е долготраен, според мене, најдобар во тој поглед во споредба со останатите линии.
Исто така, најновата линија Ice Chic има одлични бои, затоа и еден од нив се најде помеѓу моите најнови лакови за нокти. Од оваа линија најчесто ги бирам Nude нијансите.

Во продолжение погледнете го мојот избор на лакови за нокти за оваа сезона и пишете ми кој е ваш омилен! Кои нијанси на лакови ќе ги носите оваа есен?
Се надевам дека ви се допаѓаат

 ♥ Следете ме на Facebook | Instagram  ♥

CONVERSATION

1 comments:

  1. прекрасни бои :) 140 и 147 ми се фаворити ♥♥


    http://donnaoctober.blogspot.mk/
    https://www.instagram.com/donnaoctober/

    ReplyDelete

Thanks for visiting my blog :)

Back
to top