Worth it | Golden Rose

Worth it | Golden Rose

Ден пред мојот роденден, добив прекрасен подарок, изненадување од Golden Rose. Бескрајно сум благодарна! Подарокот немаше никаква поврзаност со самиот роденден, но и како случајност, многу ми значи.
Самиот бренд, мене ми е еден од омилените, без разлика дали се работи за производи од делот за козметика, нега на лице, нокти или шминка. 
На фотографиите подолу може да видите неколку од нив и да прочитате нешто повеќе за истите. 

 
Повеќенаменска турпија за нега на нокти - за обликување на површината и за ноктите да изгледаат здрави и сјајни. Оваа турпија има 7 површини и секоја од нив е за различна намена.  

 
Ice Chic Nail Color - од лево кон десно, броевите им се: 111, 114, 112, 116. Ако сакате да видите како изгледаат овие бои откако ќе се нанесат, пишете ми во коментари :)

 
Мини верзија од Golden Rose Velvet Matte Lipstick - ова е одличен начин да не се мислите повеќе кој кармин да го земете со вас кога излегувате, земете ги сите :) Навистина не фаќаат место, а ќе имате избор во секој момент.   

♥ Следете ме на Facebook | Instagram  ♥

CONVERSATION

0 comments:

Post a Comment

Thanks for visiting my blog :)

Instagram

Follow @sanjabozhinovska