January Favorites | 2017

http://sanjaburgundy.blogspot.com/2017/01/january-favorites-2017.html

 За крајот на месецов, за вас подготвив неколку производи кои најмногу ги употребував овој период. Иако мислев дека ќе бидат само 2-3, сепак се собраа повеќе. 

Се надевам дека ќе ви се допаднат препораките, а секако може да споделите кои производи вие ги користевте овој месец. Во продолжение прочитајте повеќе :)

BEAUTY AND CARE.

Felce Azzurra Body Cream - Отсекогаш ми бил омилен мирисот на класичниот Felce Azzurra, без разлика дали станува збор за крема, млеко за туширање или дезодоранс. Затоа не се ни двоумев дали да го купам ова млеко за тело.
Станува збор за хидратантна крема за тело, збогатена со витамин B5, во пакување од 400 мл, со пумпица, која е многу практична за користење. Кремата навистина е хидратанта и воопшто не е мрсна и тешка. Ја препорачувам на сите кои немаат проблем со силниот мирис на Felce :) 

  
Avon Care Cocoa Butter - Ретко нарачувам од Авон бидејќи сакам да ги видам и пробам производите пред да ги купам, но не ми беше тешко да се решам дека сакам да ја пробам оваа крема за раце. Најпрво ме привлече тоа што е со мирис на какао, а и тоа што е 100 мл, па ќе потрае подолго. 
Кремата содржи и витамин Е, за кој се вели дека ги ревитализира сувите раце и обезбедува долготрајна хидратација. Баш тоа што треба за ладната зима, нели?

Balea Deodorant (без алуминиум) со двојна ефективност/дејство - Овој дезодоранс е првиот кој ми се допаѓа од Balea. Не остава траги од прскањето, а има многу пријатен мирис кој долго трае.
Не трае 24 часа како што е наведено, но сепак тоа е индивидуално и кај секого различно.  

 

Balea Trend It Up парфем за коса - Мислев дека на овој парфем никогаш нема да му најдам примена, меѓутоа, оваа зима, кога воздухот надвор и загаден и лошиот мирис се лепи за косата, парфемов е добредојден.
Пакувањето е мало, 100 мл, па може секогаш да си го носите со себе и да ја "освежите" вашата коса. Мирисот е пријатен и цветен. 

Face Food Masque Exfoliant - Омилени маски за лице ми се секогаш оние со Dead Sea minerals и најчесто ги користам тие, но повремено пробувам и некои други. Како на пример оваа со масло од авокадо и гранули од орев. 
Имам само пофални зборови за истата, бидејќи кога ја отстранувате, истовремено правите и пилинг на лицето. Во пакувањето добивате две маски.

 JEWELRY. 

 

► Омилено парче накит овој месец ми беше оваа бисерна алка со хороскопскиот знак и циркон. Ја нарачав од Авон, повторно на невидено и непробано, но навистина ми се допадна. 
Не знам дали уште ја има во каталог, бидејќи беше дел од декемврискиот, но ако имате шанса и мислите дека одлично ќе се вклопи во вашиот стил - апсолутно ја препорачувам.

► Овие три ланчиња со син, бел и виолетов камен, одлично се вклопија во многу комбинации овој месец. Многу се нежни и одговараат одлично со ролки и кошули. Единствено разочањување ми е тоа што квалитетот не е најсјаен и потемнуваат. Може да ги најдете во Jumbo

BOOK.

 

Збогум најмила - Кристин Хана (Оригинален наслов: Night Road) - Овој месец се изначитав книги. Сакам Книги имаа неколку акции, па искористив една од нив за да ја проширам домашната библиотека. Сите книги што ги имам нарачано од таму се доста брзи за читање и со лесна тематика. Љубов, пријателство, емоции и драма се главни токму во оваа книга.   

► Bookmarks!! Одат рака под рака со читањето книги. Имам неколку, но секогаш сакам повеќе и секогаш бирам различни. Најчесто ги нарачувам онлајн, а овие се од АлиЕкспрес
 
 ♥ Следете ме на Facebook | Instagram  ♥

CONVERSATION

0 comments:

Post a Comment

Thanks for visiting my blog :)

Instagram

Follow @sanjabozhinovska