Здраво на сите :) Денес спремив мини рецензија на неколку производи од линијата на Golden Rose. Јас лично ги обожавам Golden Rose веќе долго време. Нивните производи се со многу достапни цени, а квалитетот задоволителен - затоа и се враќам на нив постојано.
Golden Rose Matte Lipstick Crayon
Покрај добро познатите мат кармини, Golden Rose, излегоа со нови моливчиња за уста, кои може да се носат како замена за кармин. Имаат избор на нијанси, па може да си ја дополните колекцијата. Ја имаат истата функција како и кармините, истата издржливост, а бидејќи се моливи, со нив може попрецизно да ја исцртате устата.
Овие моливи се дерматолошки тестирани и не содржат парабени.
Горниот молив е бр.11 и е темно розе, многу сличен на бр.14 од мат кармините.
Долниот молив е бр.18 и е беж, кафена нијанса, која изгледа многу природно.
Golden Rose Essential - Great Curl & Volume Mascara
И оваа маскара е дел од новата линија производи на Golden Rose. Конкретно оваа е за извиткување и волумен на трепките. Ја купив без двоумење и можам да кажам дека воопшто не зажалив! Ја нанесов без претходно да ги извиткам трепките, без големи очекувања, но маскарата навистина ми ги подигна трепките.
Голем плус е што одлично ги расчешлува трепките, брзо се суши, а лесно се отстранува со влажни марамици. Исто така, ефектот е долготраен, трепките навистина остануваат извиткани нагоре долг период.
На фотографијата може да го видите ефектот - без маскара и со еден слој маскара
Golden Rose Rich Color Nail Lacquer no.104
Мислам дека Golden Rose имаат најголем избор на нијанси и лакови. Барем јас, секогаш можам да си ја најдам посакуваната нијанса. Во есен/зима, најчесто бирам лакови во неутрална беж боја или темно бордо. Решив да побарам и некоја друга нијанса и се одлучив за оваа што ја гледате на сликата, од која сум многу задоволна.
Оваа линија на лакови имаат широка четка, па многу е побрз и самиот процес на лакирање. Се сушат релативно брзо, а истрајноста е доста голема. Го носам веќе една недела, а имам минимални оштетувања. Тоа, според мене е доста долго :) На горната слика се гледа ефектот без блиц, а на сликата подоле, може да видите како изгледа со блиц.
Се надевам дека ви се допадна оваа мала рецензија. Иако пред сè, овој блог е за мода и комбинации, сепак сакам да споделам и производи од кои сум многу задоволна.
♥
Ги користите ли вие производите на Golden Rose и кои ви се омилени? Пишете во коментарите :)
Апсолутно ти го препорачувам моливчето :)
ReplyDeleteНијансата е неутрална, створена за секојднвна шминка :*
Pocesto pisuvaj postovi od ovoj tip,super recenzija :)
ReplyDeleteФала многу! Имам доста производи кои ги користам и од кои сум задоволна, ќе се потрудам почесто да ги споделувам :)
DeleteЗа цената производите на Golden Rose се супер и многу често ги купувам. Супер рецензија♥
ReplyDeletewww.inglelook.blogspot.mk
https://www.facebook.com/inglelook
super recenzija i super fotki :)
ReplyDeletehttp://donnaoctober.blogspot.mk/
https://www.instagram.com/donnaoctober/
Лакот е совршен! И јас го имам истиот, бојата е прекрасна и сум презадоволна! Исто и од моливчињата, најомилени ми се и постојано ги користам. Прекрасен блого пост. ^^
ReplyDeleteТенкју ^^ Јас не сум љубител на виолетовите нијанси, ама нешто упорно ме влече кон нив, посебно во овој есенски период :)
Delete